Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

Од:

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информираше дека Општината започнала со конкретни чекори за создавање заедничка платформа за превенција и справување со врсничкото насилство во училиштата во Чаир.

Платформата ќе ги обедини општината, училиштата, психолозите и стручните служби, наставниците и родителите, со цел да се воспостави координиран и долгорочен пристап. Во нејзини рамки се предвидуваат едукативни активности, директна работа со учениците и родителите, како и зајакнување на механизмите за превенција, навремено препознавање и справување со случаите на насилство.

„Безбедноста и благосостојбата на нашите деца бараат многу повеќе од реакција по одреден инцидент. Потребни се превенција, едукација и заедничко дејствување. Сакаме да дејствуваме пред да се случи насилството, а не само да реагираме на неговите последици. Секое дете има право да се чувствува безбедно, почитувано и заштитено во своето училиште, а одговорноста за тоа е заедничка“, изјави Меџити.

Општина Чаир преку оваа платформа има за цел да воспостави покоординиран систем меѓу сите вклучени страни, ставајќи ги превенцијата, безбедноста и благосостојбата на децата во центарот на институционалното дејствување.

И Министерството за образование и наука и Град Скопје набрзо ќе ги презентираат мерките со кои ќе се намали и спречи врсничкото насилство меѓу децата и учениците – најави денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој на промоцијата на новите возила за комунална хигиена одговараше на прашање за сузбивање на врсничкото насилство меѓу децата, учениците, каков што и беше последниот случај во Скопје, а во кој 13-годишно момче беше прободено со нож и се бори за животот.

„Спремаме уште еден поголем сет мерки заедно во соработка со министерката за образование Јаневска, со која имаме одлична соработка, но и силна, силна поддршка во тој дел, така што во наредниот период ќе излеземе со цел сет мерки и ќе бидете сведоци на она што ќе го почнеме како процес, а ќе влијае. Убеден сум, на долг рок, за што помалку случаи такви да имаме“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека во процесот имаат вклучено и многу експерти и, како што рече, „многу бргу од денес ќе излеземе со сериозна, јасна платформа како Град Скопје“. Посочи и дека експертските тимови ќе работат со учениците, но ќе работат и со родителите.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

ВИДЕО: Кривична против 18-годишна девојка и две малолетнички за врсничкото насилство во Куманово

Катерина Ѓуровски

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Јаневска: Одговорност мора да има и за родителите за случајот со врсничко насилство

Предраг Петровиќ