Акција за собирање кабаст отпад во Чаир

Од:

Општина Чаир и ЈП „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе спроведат акција за собирање и отстранување стари апарати од бела техника, телевизори, мебел,… ЈП Комунална хигиена ќе го собере кабастиот отпад без материјален надомест, а одлагање на друг отпад не е дозволено.

Домаќинствата кабастиот отпад наменет за фрлање треба да го остават пред влезот на куќите и дворовите или во непосредна близина на станбените згради во периодот од 7 до 9:30 часот. Отпадот не смее да го попречува движењето на возилата и пешаците.

Кабастиот отпад денеска ќе се собира во населбите Тенеќе Маало, Топанско Поле, Стар Чаир I, Стар Чаир II и Дижонска, а утре во Гази Баба, Серава, Стара Топана, Саат Кула, Бит Пазар и Дуќанџик.

Би можело да ве интересира

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Насилство во Чаир: Жена е нападната од нејзиното момче

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман