Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор

Од:

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката во случајов Сашо Мијалков дека за него се бара мерка притвор, вели за „А1он“ адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски.

Тој рече можеби неговиот клиент ќе понудел патна исправа или гаранција.

– Странката мора да се произнесе во секој случај. Мијалков не беше известен дека за него се бара притвор. Мислам дека судот ги пречекорува своите овластувања, рече Апостолски.

Адвокатот најави дека ќе приложи жалба на одлуката за притвор на поранешниот шеф на УБК.

Попладнево беше одредена мерка притвор со времетраење од 30 дена за Сашо Мијалков за случајот „Таргет-Тврдина“ и тој беше приведен и спроведен во истражниот затвор „Шутка“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Иран: Во израелскиот напад врз затворот „Евин“ загинаа над 70 затвореници

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница

Лишен од слобода криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци

Предраг Петровиќ