Адвокатите ќе штрајкуваат ако се усвојат измените на Законот за нотаријат

Од:

Реакциите на адвокатите се спонтани и оправдани и се резултат на Предлог законот за нотаријат во кои се отстрануваат адвокатите, изјави претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски во врска со најавите за штрајк.

Тој вели дека воопшто не би сакале да има потреба од штрајк.

– Адвокатската комора се обрати до Владата со барање да не се прифати овој Предлог, заради заштита на положбата на адвокатите и се надеваме на овој начин да се реши проблемот, истакнува Додевски.

На 28 февруари 2018 година претседателот на Адвокатската комора на РМ, Никола Додевски доставил допис до премиерот Зоран Заев, во кој е образложен процесот на измени и дополнувања на Законот за нотаријат, и во писмена форма се доставени сите предлози и забелешки на Адвокатската комора, како и целокупната коресподенција на Комората со Министерството за правда.

Со дописот, како што велат од Адвокатската комора, се бара средба на која, покрај опишаниот проблем би се разгледале и останатите проблеми со кои се соочува адвокатурата во Република Макеоднија.

Доколку Владата ги одобри законските измени со кои им се даваат поголеми права на нотарите, а се одземаат ингеренциите на адвокатите, тие најавија дека ќе почнат да штрајкуваат.

Законот за нотаријат беше донесен пред две години и вклучуваше задолжителното присуство на адвокат во определни постапки пред нотарот.

Би можело да ве интересира

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Двајца кинески адвокати кои бараа да се открие имотот на политичарите се осудени на затворски казни

Граѓани, адвокати и лекари од Велес заработуваат од оштети од каснување на куче, сомнежи дека е вмешана и општината

Орце Костов

Британските адвокати стапуваат во штрајк, со месеци наназад одбиват да преземат нови случаи

А1он

По едномесечен бојкот албанските адвокати излегуваат на протест

Белградските адвокати стапуваат во штрајк

А1он