Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Од:

Основниот суд во Ужице денес одреди притвор до 30 дена за седум лица уапсени во тој град, откако го блокираа главниот пат. Судот објави дека седуммината уапсени се осомничени за „напад врз службено лице при вршење на службена должност“.

Меѓу приведените има професори, студенти, адвокати и советници.

Притвор им е одреден на Радован Новаковиќ, Павле Цичвариќ, Бранко Николиќ, Алекса Николиќ, Дејан Ќосиќ, Владан Синѓиќ и Марко Радовановиќ.

Силни полициски сили, во опрема за разбивање нереди, интервенираа во недела, 6 јули, во вечерните часови додека граѓаните седеа на главниот пат во тој град.

Според полициското соопштение, околу 350 граѓани го пробија полицискиот кордон во недела навечер, излегоа на државниот пат и го блокираа сообраќајот.

Демонстрантите во Ужице ја обвинија полицијата за прекумерна сила за време на блокадата. Протестите во тој град продолжија и во следните денови.

Управниот одбор на Адвокатската комора на Србија (АКС) одлучи да воведе тридневна суспензија на работата, по одлуката за притвор на нивниот колега Радован Новаковиќ.

Адвокатите ја суспендираат работата, со минимум работни процеси. Одлуката за суспензија стапи на сила денес во 12:00 часот.

„За време на суспензијата на работата, адвокатите можат да доставуваат до судовите, обвинителствата и државните органи што учествуваат во кривичните постапки само оние поднесоци што го спречуваат истекот на преклузивните рокови“, се наведува во одлуката на АКС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски