Граѓани, адвокати и лекари од Велес заработуваат од оштети од каснување на куче, сомнежи дека е вмешана и општината

Од:

Граѓани, адвокати, лекари, но и вработени во Општина Велес имаат разработена шема на заработка од исплата по основ на обесштетување за каснување на граѓани од бездомни кучиња, дознава „А1он“.

Дел од советниците во општината, организации за заштита на животните, но и обичните граѓани од Велес се сомневаат во организирана спрега за профит после информациите дека Општина Велес исплатила 95.000 евра оштета на граѓани каснати од кучиња што е рекордна исплата од Буџетот на општината по овој основ, односно 20.000 евра повеќе од 2021 година.

Во 2022 година биле каснати 71 лице во Велес или во просек општината на секој граѓанин му платила близу 1.400 евра оштета по основ на спогодба или по основ на загубена тужба.

За споредба, во 2020 година биле исплатени 45.000 евра, во 2019 година 2,3 милиони денари или нешто помалку од 40.000 евра, а во 2018 година 1,6 милиони денари или 26.000 евра. Вкупно за последните пет години граѓаните наплатиле околу 280.000 евра од Буџетот на Општина Велес.

На адреса на општината секојдневно пристигнуваат тужби од граѓани кои се каснати од кучиња и тоа е поткрепено со медицинска документација и пријава од МВР како докази кои најчесто се доволни за судска пресуда во корист на граѓаните.

Овие граѓани ги застапуваат исти адвокати, а простор за сомнеж има и во делот на собирање на мединските докази затоа што се случува истовремено доктор од Општа болница Велес кој го прегледал лицето каснато од куче и дал лекарско уверение да го прави и наодот од вештачење.

Советникот на Левица во Општина Велес, Игор Смилев за „А1он“ рече се сомнева дека во оваа разработена шема е вмешана и општината.

– Градоначалникот Марко Колев рече дека локалната власт смета дека некои граѓани прават пари од лажирање на каснување од кучиња. Ова е спрега помеѓу адвокати и граѓани и адвокати и општината, а одговорност нема. Кој би плаќал со години по 100.000 евра и не презема ништо во меѓувреме освен ако нема некоја спрега помеѓу сите нив. Ова не се малку пари кои се одлеваат од буџетот. Парите потрошени за ова изнесуваат 80% од годишната програма за животна средина на општина Велес. На моето прашање на седница на Советот како ќе се реши проблемот во 2023 година, градоначалникот рече дека осигурителните компании ќе ја плаќале оштетата и целата постапка ќе оди преку нив– истакна Смилев за „А1он“.

И сегашната локална власт предводена од градоначалникот Марко Колев, но и претходната предводена од Аце Коцевски обвинуваше дека буџетот е оптеретен поради исплатите за оштета кои завршуваат кај одредена категорија на граѓани кои го злоупотребуваат законот.

Оттаму обвинија дека во најголем број во пријавите оние граѓани кои лажираат истакнуваат дека се каснати од куче скитник затоа што знаат дека општината е надлежна за нив како институција иако повредите може да се добиени и од домашен миленик.

– Некои граѓани и неколку пати пријавуваат каснување. Некои пак, намерно ги тепаат со цел кучињата да станат агресивни, а некои сами си прават повреди кои потоа ниту лекар не може да докаже дека се од каснување на куче. Но, ова никој не може да го направи ако нема адвокат кој ќе го поттикне и лекар кој ќе им помогне за лекарско уверение – велат извори на „А1он“.

Граѓаните сметаат дека во Велес има премногу кучиња скитници и се плашат за својата безбедност. Нивниот број не се намалува иако локалната власт одвојува значајни средства за заловување, вакцинирање, стерилизирање и кастрирање.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес