А1он ги открива фирмите – подизведувачи на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар-Букојчани

Од:

„АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ се фирмите подизведувачи кои утре ќе ја почнат изградбата на делницата Гостивар – Букојчани, дознава А1он. Овие три фирми подизведувачи се дел од најавените домашни компании на кои „Бехтел и Енка“ како изведувач им го има доверено извршувањето на дел од работите за почетокот на изградбата на најкомплицираната делница, која има и најмалку земјиште за експропријација.

Името на тетовската „АК Инвест“ може да се види во „топ 10“ граджни компании кои во последните 15 години добивале државни пари преку тендери, но во последните шест години, компанијата на Азби Ибрахими ја нема во компаниите кои добиле најмногу пари од државата, а во последните 12 месеци има три активни договори добиени преку тендери.

„Еуровиа“ пак, е фирмата која го доби тендерот за пренамена на спортскиот центар Борис Трајковски за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ. Документите за тендерот се на разгледување во антикорупциската комисија и во јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, откако излезе информација дека фирмата донирала на владејачката ДУИ, што пак беше демантирано од генералниот директор на компанијата, Елмедин Адеми.

Третата фирма подизведувач, битолската „Стентон градба“ заедно со „Еуровиа“, ја нема во „топ 10“ фирми кои добивале државни пари од тендери. Во последните 12 месеци има добиено 21 тендер, а сега, како подизведувач, ќе работи на изградба на делницата Госитвар – Букојчани“. Оваа фирма е една од најзвучните во Битола, која низ годините, на документи има сменето тројца сопственици: Пецо Стојаноски, Благој Крстевски и моменталната сопственичка, Снежа Стојаноска.

Како што објави А1он, изградбата на делницата ќе почне утре, со минирање кај селото Дебреше. Пред стартот на изградбата пак, ниту обвинителството, ниту антикорупциската комисија не излегуваат со детали, дали ги разгледале сите 400 страници од договорот на државата со американско-турскиот конзорциум, иако истиот го добија пред четири месеци.

Би можело да ве интересира

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов