Автопатот Прилеп – Битола добива приоритет, Мицкоски најави пуштање на првите 10-12 километри

Од:

Преговараме со изведувачот на работите на коридорот 10 Д и, генерално, она што го имаме како план е да најдеме начин како да го поврземе местото каде што завршува експресниот пат со автопатската делница која во моментот се гради, а ЈП за Државни патишта во рамките на своите капацитети ги санира сите делници каде се пријавени проблеми, изјавуи премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп, одговарајќи на прашањето дека стопанствениците од Регионот бараат да се санира делницата Прилеп-Градско, во делот каде има оштетувања.

-Ние сме фокусирани на завршување на автопатската делница која треба да ги поврзе Прилеп и Битола. Очекувам следната година веќе првите 10 до 12 километри да бидат пуштени во двонасочен сообраќај. Нашиот фокус е целосно на тоа. Очекувам, во рамките на рокот да биде целосно завршена оваа делница, Прилеп-Битола. Се планира обиколницата околу Битола и поврзување со граничниот премин Меџитлија. Исто така, преговараме со изведувачот на работите на коридорот 10 Д и, генерално, она што го имаме како план е да најдеме начин како да го поврземе местото каде што завршува експресниот пат со автопатската делница која во моментот се гради. Во моментот тоа е наш приоритет. Инаку, Јавното претпријатие за Државни патишта, во рамките на своите можности и капацитети ги санира сите оние делници на кои има проблем, односно на кои е констатиран проблем, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски ги повикува сите кои ја користат делницата, да ја користат оваа делница која е пуштена од експресниот пат кој, практично, како што рече, ги поврзува Прилеп и Градско.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски