Шест месеци по првиот „свечен старт“ на изградбата, „Бехтел и Енка“ утре почнува да работи на Коридорите

Од:

Со експлозија утре, половина година од првото од двете „свечени отпочнувања“ на изградбата на Коридорите 8 и 10д на кое присуствуваше половина влада, „Бехтел и Енка“ ќе почне со изградба на делницата Госитвар – Букојчани. Изградбата почнува со минирање на планината над селото Дебреше, каде ќе поминува автопатот, за да се заобиколат влезот во Гостивар и искачувањето до Стража.

Активностите доаѓаат пред крајот на градежната сезона, но извори на А1он велат дека морало да се случи така, бидејќи се работело за комплексна документација која вклучува и обештетување на граѓаните низ чиј имот ќе поминуваат коридорите, но и подготовка на урбанистички проекти кои веќе се при крај. Проектирањето пак, за разлика од досега, се одвива онака како што „Бехтел и Енка“ ќе градат, бидејќи тоа им го овозможува еден од законите кои беа изменети по итна постапка и со европско знаменце.

Според договорот, изградбата на три делници на Коридорот 8 и една на Коридорот 10д треба да заврши за 4 години и 7 месеци, а треба да чини 1,3 милијарди евра, сума која може да биде надмината. Според информациите на А1он, последната делница која ќе се гради ќе биде Требеништа – Струга – Ќафасан, бидејќи се уште се разговара со Албанија за нов граничен премин кој би требало да биде во тунел, кој половина ќе го плати Македонија, а половина Албанија, со што пак, ќе се послуша и УНЕСКО, патот да не минува до Охридското езеро.

Проширувањето на делницата Тетово – Гостивар и изградбата на делницата Прилеп – Струга пак, би требало да се случува истовремено со изградбата на делницата Гостивар – Букојчани. Но, за да се случи тоа, „Бехтел и Енка“ уште бара работници. Тоа го прави преку саеми на повеќе точки во Македонија, бидејќи според договорот, 51% од работниците мора да бидат од земјава.

И додека се случува изградбата, обвинителството и антикорупциската комисија уште го разгледуваат договорот кој до нив го испрати владата. Освен договорот, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција најави дека по допрен глас има отворено предмет и за надзорот, кој ќе го води „ИРД Инженеринг“, заедно со шпанската „Ептиса“ и македонските „Евро консалтинг“ и „Електра солушнс“.

Една од фиримте, „Евро консалтинг“ е во сопственост на Бранислав Димитријевиќ, кој во Ерменија е обвинет за измама при надзор на автопатишта во земјата. „Електра солушнс“ пак, во март 2022 година ја менува шифрата на дејнсот во „други градежно-инсталатерски работи“. Претходните шифри, кои сега се избришани, се „производство на долна облека“ и „услуги за информатичка технологија и компјутери“. За „Ептиса“ пак, државата владата во 2020 година имала донесено заклучок ниту една државна институција да не ја ангажира „Ептиса“ поради „незаконско, неетичко и неодговорно постапување во надзорот на работите на железницата Куманово – Белаковце“, заклучок кој во февруари 2021 година владата си го укинува.

Би можело да ве интересира

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

„Бехтел и Енка“ имал договор за амбуланта, но „Санте Плус“ немала дозвола за работа

Орце Костов