Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Од:

Министерството за транспорт и врски, на Македонски железници Транспорт АД Скопје вонредно му додели 2,5 милиони евра за исплата на плати и враќање на долговите, надвор од редовното субвенционирање на патничкиот транспорт.

„Ставката разни трансфери е зголемена за 151.000.000 денари, кои ќе се користат наменски за исплата на плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање обврски кон други доставувачи на „МЖ– транспорт АД Скопје“, се вели во владината одлука донесена на седница на 13 февруари.

Ова е втора одлука за доделување средства на МЖ Транспорт за да си ги расчисти долговите откако Владата на 10 ноември лани исто така му исплати вонредни 16 милиони евра за плаќање на долговите за електрична енергија. Владата ова го направи преку четврта емисија на акции по пат на приватна понуда, со која претпријатието издаде 962.913 обични акции, при што продажната цена по акција беше еднаква со номиналната и изнесуваше 1.000 денари по акција.

Ова државно претпријатие постојано е на врвот на листата на должници, а машиновозачите редовно излегуваат на блокади поради неисплатени плати, со целосен прекин на железничкиот сообраќај. Во МЖ Транспрот до сега се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение.

„А1он“ објави истражување во кое обелодени дека во последните пет години, само за нето плати на директори, советници и членови на надзорен одбор, Железници АД Транспорт потрошиле 37.475.280 денари или 610.000 евра. Ако на ова се додадат и придонесите и додатоците, се доаѓа до сума од милион евра за плати на седум функционери, двајца советници и седум членови на Надзорен одбор.

Би можело да ве интересира

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

Кинеските дизел возови поправени после четири месеци: Од утре и трет воз за Битола

Орце Костов

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите

Синдикат на полицијата: Основната плата на полицаецот е 16.300 денари, бараме зголемување за 15 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100 отсто, а на полицајците за 35 отсто