Во Словенија се повеќе руски фирми

Од:

Руски претпријатија во Словенија има се повеќе, а многу компании што се основани барем официјално, немаат ниту едно евро приходи годишно, објавува љубљанско „Дело“.

Од друга страна, Руси често се појавуваат како купувачи на најскапи недвижности. Канцеларијата на Словенија за спречување перење пари во повеќе од половината руски трансакции пронајде сомненија дека станува збор за перење пари.

Во Словенија според податоци на АЈПЕСА има околу илјада руски фирми кои имаат руски основачи или партнери во Руската Федерација од кои повеќе од 600 се регистрирани во средна Словенија, но голем број се регистрирани и на словенечки Јадран.

Многу регистрирани фирми имаат иста адреса, а за нив е карактеристично дека имаат мал или никаков промет така што најверојатно станува збор за фиктивни компании, објавува весникот.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он