ВМРО-ДПМНЕ: Откако СДС дојде на власт, долговите на Македонија рапидно растат

Од:

„Владата на СДС лажејќи го народот во очи ја задолжува државата со енормни суми.

За помалку од два месеци антиреформската влада на СДС успеа државата да ја задолжи за 70-тина милиони евра.

Секој ден владата на СДС ги задолжува граѓаните за нови 1.7 милиони евра.

Згора на тоа, оваа антиреформската влада со ребалансот на буџетот предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра, а тоа е повеќе од планираното.

Откако СДС дојде на власт, започнаа долговите на Република Македонија рапидно да растат.

Тевдовски и Заев сакајќи да ја оправдаат својата лага дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од 1 милијарда евра излегоа на прес конференција каде нафрлиле долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија. Скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација искористиле и обврски кои се уште не се доспеани за наплата.

Целосното фијаско на СДС и Тевдовски е сериозно. Поради сето ова во министерството за финансии владее хаос, пред се поради неспособноста и дезориентираноста на министерот за финансии, Драган Тевдовски. Што претставува дополнителна опасност по целокупната држава.

Тевдовски за жал само во неколку дена успеа да создаде долг од над 4,5 милијарди денари само по основ на аукции на државни записи.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари.

Граѓаните затоа СДС го прашуваат дали со тие пари ќе ги исполнат дадените ветувања за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите.

Сепак луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина