Владина делегација учествува на „Конференција за економија: Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“

Од:

Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до 26-ти овој месец учествува на настаните во рамките на „Конференција за економија: Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва, Црна Гора.

Вицепремиерот Анѓушев во текот на утрешниот ден ќе се обрати на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“, на која е најавено учество и на претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседателот на Владата на Република Македонија, Еди Рама, претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Во состав на македонската владина делегација е и министерот за економија Крешник Бектеши, кој утре ќе учествува на панелот „Регионална соработка како сегмент на европските интеграции: економијата-генератор на севкупниот развој“, заедно со другите министри од регионот задолжени за економски прашања.

Во рамките на настанот, членовите на делегацијата ќе остварат и билатерални средби со политички и бизнис лидери од регионот.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора