(ВИДЕО) Се потроши брашното во маркетите – Граѓаните ќе месат додека пекарите не донесат евтин леб

Од:

Трет ден во продавниците не се испорачува бел и полубел леб откако Владата донесе одлука да се замрзне цената на 33 денари, па граѓаните чекајќи поевтинет леб ги испразнија рафтовите со брашно.

Во неколку големи маркети „А1он“ затекна празни рафтови на кои стои брашно од тип 400 и тип 500. Граѓаните купуваа цели пакети брашно од десетина килограми како во времето на пандемијата со ковид-19 кога се подготвуваа за рестриктивни мерки.

Граѓаните се револтирани и сметаат дека празните рафтови со евтин леб ќе значат нов удар по нивниот џеб, посебно за оние со пониски приходи.

– Додека чекаме производителите да донесат леб по цена од 33 денари, решивме да купиме брашно и да направиме домашен леб. Тешко е да се прави секојдневно леб со оглед на обврските кои ги имаме, но вака е поисплатливо. А и не сакаме да не уценуваат пекарите кои почнаа да ги намалуваат цените за денар-два во февруари, поевтина струја добија уште во декември – рече за „А1он“ потрошувач во супермаркет кој купи неколку пакети брашно.

Министерот за економија Крешник Бектеши синоќа на својот фејсбук профил ја објави одлуката со која која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена.

-Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што денеска е донесена и објавена во Службен весник.

Пекарите останаа на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има. Порачаа дека граѓаните не треба да очекуваат дека ќе има леб за 20 денари.

Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата – потенцираа од Групацијата на пекари и мелничари.

Пекарите му порачаа на Бектеши да им испрати официјална покана ако сака да седнат на маса и да разговараат за нов договор кој ќе значи промена на одлуката на Владата.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Темата за зголемување на цената на лебот е само шпекулација во јавноста, тврдат мелничарите

Катерина Ѓуровски

Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Орце Костов

Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

А1он

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов

Над 15.000 евра казни за шест компании кои не ја замрзнале цената на лебот

Орце Костов