Николовски: Мелничарите да одговорат зошто некој би барал поскап леб при набавени количини пченица по преполовена цена

Од:

Владата усвои три нови мерки во рамки на интервентата програма како нова која втора година се реализира за поддршка на производителите на македонското жито со кои, според министерот за земјоделие, Љупчо Николовски ќе се одржи стабилноста на цените на лебот и ќе се избегнат загубите кај земјоделците.

– Донесовме одлука за три денари по килограм финансиска поддршка за остварено, предадено или складирано производство на пченица. Креиравме мерка за поддршка со која ќе ја надоместиме разликата помеѓу производствената и продажната цена како резултат на мерките на Владата на замрзнување на цените на раноградинарските култури. Висината на оваа мерка е 35 денари по килограм за домат кој е произведен од 5 април до 31 мај и 30 денари по килограм за произведени краставици. Владата донесе одлука за 12.000 денари поддршка за јачменот по хектар за производителите кои ќе остварат принос од три тони. Програмата ја насочивме токму кон овие производители – рече министерот Николовски.

Запрашан дали овие мерки ќе влијаат цената на лебот да не се покачи, Николовски рече дека пазарот е стабилен и нема ниту една причина зошто мелничката индустрија би барала повисоки цени кога количните на жито ги набавиле по преполовена цена од лани.

– Ние лани немавме поддршка за откуп на пченицата, а немаше зголемување на цените на лебот и покрај цената од 22 денари за килограм откуп. Мелничката индустрија годинава набави количини по преполовени цени, по 11 денари за килограм. Стабилизиран е пазарот со електричната енергија. Треба да одговорат зошто некој би побарал повисока цена на грбот на граѓаните при намалени трошоци за производство – додаде министерот.

Би можело да ве интересира

Николовски: Даваме рекордна поддршка за малите производители на храна вредна 1,2 милиони евра

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Поевтинуваат горивата од вечерва, пад на цената на нафтата на берзата

Орце Костов

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ