Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е во работна посета на Берово и оствари средба со Маријана Дојчиновска, успешна жена земјоделка, која има сопствена фарма со 80 крави. Таа успешно ја има искористено и поддршката за набавка на трактор, а во 2023 година преку мерката бизнис план од Националната програма за рурален развој, со грант поддршка до 10.000 евра, има набавено миксер за храна на добитокот и цистерна за течно ѓубре.

Новата мерка за бизнис план, која токму и Маријана ја има искористено, како што рече Николовски им дава на земјоделците грант поддршка до 10.000 евра за да можат сами да одлучат каква опрема и земјоделска механизација ќе набават.

-За само една година успеавме со оваа мерка да обезбедиме поддршка до 206 земјоделски стопанства, од кои 115 се токму жени земјоделки. Успешни жени земјоделки имаме поддржано и преку програмите за поддршка на малите производители на храна и пијалоци, а вкупно 64 жени земјоделки досега ја имаат искоритено оваа грант поддршка до 10.000 евра. Од 2017 година, до денес, преку сите мерки што им се ставени на располагање кон жените земјоделки се реализирала поддршка во вредност од 1,1 милијарди денари, поддржувајќи 1.700 жени земјоделки, рече Николовски.

Пред беровскиот сточар министерот ги сподели мерките што оваа година ги имаат на располагање за сточарите.

-Една од тие мерки е зголемувањето од 4.000 на 12.000 денари, кај поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци. Ваквото зголемување има за цел да даде поголем мотив, сигурност и поддршка во работата на сточарите, но и на долг рок, да даде резултати во зголемување на домашниот сточен фонд. Креираме конкретни мерки и докажавме дека знаеме што му треба на македонското земјоделство и дека може да биде подобро, додаде Николовски.

Цел на министерството, како што дополни, е во следниот период да се достигне една милијарда и триста педесет милиони евра вложувања во земјоделството за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците.

Паралелно планот е буџетот за сточарско производство двојно да се зголеми од досегашните 35 милиони евра на 70 милиони евра годишен буџет.

-Наша цел е да растат и субвенциите по грло кај кравите постари од 12 месеци, достигнувајќи до поддршка од 20.000 денари по грло, до 2028 година. Сакаме да обезбедиме поголема независност на самиот сточар, па така во следниот период подготвуваме нова програма за поддршка во мобилни кланици, мобилни молзилишта и мобилни мандри, со поддршка од 15.000 евра по корисник. Како и посебна програма со поддршка, до 10.000 евра, преку која сакаме да го зголемиме производство на млеко, поддржувајќи нови системи за молзење на краварски, овчарски и фарми на кози, додаде Николовски.

Жените земјоделки, како што подвлече, продолжуваат да бидат главен фокус на министерството преку продолжување на поддршката, со цел таа да се зголеми на 10.000 евра.

Би можело да ве интересира

Николовски: Ќе продолжиме со вложување во домашното земјоделство за да им обезбедиме европска иднина на младите

Горан Наумовски

Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ