Бесими најде виновник за најавените поскапувања: Медиумските укажувања за цените не помагаат во економијата

Од:

Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Владата е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните. Но, секој носи дел од одговорноста, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со најавите во медиумите за поскапување на лебот.

Според Бесими, најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Медиумските укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството, вели Бесими, не помагаат во економијата, туку дополнително создаваат очекувања за зголемување на трошоците.

Цената на белиот леб, нагласи Бесими, е 33 денари и тука нема поскапувања. Како што најави, можно е уште денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на владина седница да излезе со нова предлог-мерка.

-Ги прочитав сите најави од мелничката индустрија. Дали откупната цена на пченицата е повисока во однос на минатата година? Не. Дали електричната енергија е поскапа? Не. Што во меѓувреме се случило за да најават поскапување на лебот? Во постојана комуникација сум со двајцата министри, за економија и за земјоделство, како и со премиерот. Ние сме отворени да разговараме за која било тема, но најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Ќе се разговара со нив и ќе излеземе во пресрет на секоја ситуација во однос на овие ситуации што може да влијаат од аспект на ценовната криза. Сите ние, ресорните министри, ќе разговараме со нив и во секоја фаза сме подготвени да реагираме со мерки, истакна Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем од ЕБОР.

Министерот уште еднаш напомена дека Владата е подготвена да разговара за секое прашање.

-Секој си носи дел од својата одговорвност. Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Не прејудицирам дека тука има шпекулации, но сакам да кажам дека за кое било такво прашање сме подготвени да разговараме, зашто медиумски укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството не помагаат во економијата, туку дополнително создаваат очекувања за зголемување на трошоците, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Бесими: Минатата година највисока реализација на капиталните инвестиции

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

Бесими: Трезорот ќе работи, правата на вработените ќе ги оствариме согласно законите