ВИДЕО: Келнерите ќе можат да бараат лична карта при влез во ресторан, а казнувањето на угостителите е одложено за 10 дена

Од:

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој кажа дека угостителите ќе бидат одговорни да бараат и лични карти од гостите, за да видат дали се од исто семејство, а со тоа, да ги сместат на маса со четири столици.

Казнувањето ќе почне по 10-дневната едукација која ја најави претседателка на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, но, доколку се забележи дека и по едно укажување на угостител тој повторно прави прекршок, тогаш ќе се казни веднаш.

„Контролата ќе биде насочена кон кафетериите и угостителската дејност. Дали има 2 или 4 на маса, сигурно дека тоа е одговорност на оној кој треба да ги спроведува протоколите, а тоа се тие кои вршат угостителска дејност. Инспекторите се тие кои по укажувањата да постапуваат и да преземаат соодветни мерки. Од нашата свест и совест ќе зависи дали ќе се олеснуваат мерките. Протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти, тие се одговорни да даваат соодветни места на тие кои ќе дојдат во нивните објекти и тие се тие кои треба да ги преземаат мерките кон протоколите. Келнерот, односно газдата на угостителскиот објект е тој кој треба да ги спроведува протоколите. Инспекторите нема да ви бараат лична карта, бидејќи ние вршиме контрола на угостителите“, рече директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски.

Целта на одложеното казнување е на секој угостител да му се укаже дека постои протокол и мерки кои мора да се почитуваат, рече Филиповска Грашкоска, претседателка на Инспекциски совет.

„Планирано е во наредните десетина дена, од денес до крајот на наредната недела овие тимови да вршат информативни посети и да ги едуцираат угостителските објекти. Се надевавме дека е тоа е доволен период да се известат сите, па ако треба ќе се продолжи. Целта е еднаш на секој угостител да му се укаже и образложи протоколот, доколку се забележи дека и покрај укажувањата тие не ги почитуваат, тогаш нормално е дека ќе има казни. Фокусот за почеток е да им се објасни да сите угостители кои се мерите и што е тоа кое мора да го почитуваат“, Магдалена Филиповска Грашкоска, претседателка на Инспекциски совет.

Откако беа затворени на 13 март поради состојбата со коронавирусот, кафулињата и рестораните од повторно почнаа со работа. Отворени за гости ќе бидат само оние угостители кои располагаат со тераси, а на секоја маса ќе може да седат по максимум четири лица. Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана предвидува дека работното време е ограничено од 8 часот до 22 часот. Поконкретно, ќе работат само отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.
Се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

Би можело да ве интересира

Заврши мерката „гарантирана цена“, најавени засилени инспекции против нечесни трговски практики

Горан Наумовски

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Лавина од реакции по потпишувањето на протоколот со Русија: Ова е обид да се дисциплинира Србија

А1он

Европратеникот Ковачев: Историските препораки се задолжителни услови во преговарачката рамка

A1on

Бујар контра Османи: Како министерот седум дена манипулира дека „утре“ ќе го објави протоколот

Кристијан Ландов