ВИДЕО: Анѓушев и Сугарески на средба со бизнисмените од Пелагонискиот регион

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески учествуваа на средба со стопанственици од Регионалните комори на Прилеп и Битола при Стопанската комора на Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев потсети дека предлог мерките од Планот за економски развој на Владата веќе се презентирани пред меѓународните претставници и пред научната и бизнис јавност, но дека оваа можност е искористена стопанствениците од Пелагонискиот регион да добијат повеќе информации за мерките.

„Со предлог мерките од Планот за економски раст се овозможува иста поддршка за домашните и за странските компании. Ќе поддржуваме компании со потенцијал за раст а трите главни столба се однесуваат на поддршка на нови и постоечки инвестиции, поддршка на извозот и за поддршка на малите и средни претпријатија“, истакна вицепремиерот.

Тој дополни дека со мерките се стимулираат нови подобро платени работни места, нови инвестиции за технолошки развој и иновации, стимулирање на извозот, како и поддршка на малите и средни компании да бидат поконкурентни.

Министерот Сугарески ги презентираше проектите во делот на инфраструктурата кои ги реализира Владата на РМ а се од клучно значење за подобрување на условите за водењето на бизнис во Пелагонискиот регион.

Министерот Сугарески истакна дека во најбрз можен рок ќе започне да се реконструира регионалниот пат Прилеп- Битола до граничниот премин Меџитлија, а во меѓувреме преку ЈП за државни патишта ќе се распише јавен повик за проектирање на ниво на експресен пат токму за овој патен правец.

Исто така министерот Сугарески потенцираше дека обезбедени се сите средства за изградба и на експресниот пат Градско -Прилеп како еден од најзначајните патни правци во овој регион. Во однос на железничката инфраструктура, министерот изјави дека до крај на месец октомври ќе се потпише договорот со изведувач за изградба на пругата Битола до граница со Грција со што ќе се обезбеди побрз железнички транспорт.

На средбата стопанствениците од Прилеп и Битола ги изнесоа своите идеи и предлози за Планот за економски раст.

Би можело да ве интересира

Сугарески се повлекува од Царина, влегува во трката во СДСМ како кандидат за градоначалник на Прилеп

A1on

Кочо Анѓушев ќе го продава велешки Борец на берза за 25.000 евра

Жарко Настоски

Сугарески и годинава очекува 86% реализација на капиталните инвестиции

Жарко Настоски

Според Сугарески, сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите

А1он

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска