А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

by А1он15/11/2019 - 14:14551
Share0

Категорично изјавувам дека во извршувањето на функцијата заменик претседател на Владата задожлен за координација на економските ресори во целост се придржуам кон почитување на законските прописи. Соодветно на тоа и во комункацијата со сите останати институции во државата се водам од интересите на државата и граѓаните согласно законските прописи, реагира вицепремиерот Кочо Анѓушев по денешната одлука на Антикорупциската комисија премиерот Зоран Заев да отвори постапка за утврдување одговорност за носењето на владината одлука за намалување на акцизата за увоз на литиум-јонски батерии.

Следете a1on на Instagram Instagram

Анѓушев не знае, како што наведува, зошто Комисијата поднела таква иницијатива, но ќе се произнесе по одлуката откако ќе ја добие во писмена форма.

-Постапувајки по предметите иницирани пред ДКСК ги доставивме сите побарани податоци и документи со цел да им овозможиме да ја утврдат материјалната вистина. Во конкретниот случај за намалување на царинските стапки за литиум-јонски батерии за акумулатори уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување. Не ги знам причините поради кои Антикорупциската комисија ја донела одлуката. Откако ќе ја добијам на писмено, ќе можам да дадам коментар. Убеден сум во законитоста и исправноста на моето работење и ќе ги преземам сите неопходни дејствија пред надлежните органи за да се докаже вистината, бидејки не сум го прекршил закските прописи, наведува Анѓушев.

Во реакцијата дополнува и дека Владата во полн капацитет одлучува по сите прашања што се поставуваат на седница.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Секаде каде што е можно да дојде до конфликт на интереси, уредно сум се пријавил и сум поднел изјава согласно законот, подвлекува вицепремиерот.

angjusevdksk

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он11/05/2026 - 18:5011/05/2026 - 18:52

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он22/04/2026 - 15:18

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто