Топлификација „распали“ по Регулаторната комисија

Од:

Топлификација удри по Регулаторната комисија за енергетика . Прашува зошто не преземале никакви активности цела година, во периодот од агвуст лани, кога Топлификација  ја врати лиценцата за производство и снабдување со топлинска енергија, до август годинава.

„Врв на нејасното однесување на Регулаторната комисија беше одлуката на оваа комисија од 01.08.2012 година, кога игнорирајќи ги сите погоре изнесени факти и многу дописи од Топлификација  во изминатиот период, донесе одлука дека нема никаква опасност по сигурното  производство на топлинска енергија и дека Топлификација има финансиски капацитет и понатаму да ја врши оваа дејност. Посебно е нејасно зошто оваа многу важна одлука е донесена надвор од нормалните процедури на РКЕ без подготвителна седница и без стручно образложение врз основа на што е донесена оваа одлука – вели во соопштението на Управниот одбор на компанијата, кој истакнува дека оваа одлука е на РКЕ е оспорена пред Уставниот суд и се додава дека одлуката и неактивноста на РКЕ во период од цела година „можат сериозно да го загрозат сигурното производство на топлинска енергија во грејната сезона 2012/2013“, се вели во реакцијата на Топлификација.

Топлификација укажува дека во состојбата која ја генерираше РКЕ со неодземање на лиценцата за производство на топлинска енергија на „Топлификација“ АД, единствено можно решение за  грејната сезона 2012/2013 година е сите регулирани дејности за топлинска енергија да се одделат од групацијата Топлификација АД и да се доделат на фирма која има можност да обезбеди обртен капитал од околу 25 милиони евра за реализација на овие дејности.

Пред една  Макпетрол поради долгот од  1,7 милиони евра долг за гас и мазут, се закани дека ќе ја сопре испораката на овие енергенси со што се доведе во опасност снабдувањето со топлинска енергија. . Со посредување на Владата м Топлификација  и добавувачот на гориво времено го надминаа проблемот со неплатеното гориво.

„Една фирма изрази интерес да ги преземе сите регулирани дејности. За да тоа се оствари, оваа фирма треба да се јави на јавниот повик за доделување на лиценци за регулираните дејности објавен од РКЕ на 28.11.2012 година. Доколку фирмата ги исполни бараните услови на јавниот повик поврзани со финансиската можност да набавува гориво за производство на топлина и да го организира работењето на регулираните дејности, Топлификација  е подготвена да ги отстапи основните средства неопходни за вршење на регулираните дејности под форма на закуп, се вели на крајот од соопштението и се истакнува дека компанијата е подготвена да ги стави на располагање на оваа фирма и стручните кадри кои досега работеа во фирмите носители на лиценци“, стои во реакцијата.

 

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Предраг Петровиќ

Бислимоски теши, ама ни сам не знае дали резервите на нафтените компании се полни

Влада: Еднoстран прекин на греењето во зима не е оправдано, да се обезбеди топлинска енергија за граѓаните на Скопје

Предраг Петровиќ

„Адора инженеринг“ за 9,3 милиони евра го купи имотот на „Топлификација“

А1он