ТМ: Колкаво е богатството на Влатко Ѓорчев, Фатмир Бесими и Владимир Талески?

Од:

За само две години по добивањето пратенички мандат, претеникот Влатко Ѓрочев се стекнал со стан од 105 метри квадратни кој чини 110 илади евра и гаража од 8.000 илјади евра, иако висината на пратеничката плата за тој период изнесува 30. 000 илади евра.

gjorcevveevmkПратеникот на ВМРО–ДПМНЕ во 2011 година се стекнал и со земјиште во Сопиште вредно 53 илјади евра, додека во 2013-та година се стекнал и со куќа во вредност од 130 илјади евра.

Иако во јавноста се изнесени информации кои говорат дека куќата била купена со пари на неговата жена, Државната комисија за спречување на корупција констатира дека има непотполно поднесени податоци.

Влатко Ѓорчев поседува и автомобили и орочени пари во банка од над 20 илјади евра, откако станал пратеник во Собранието, пишува во извештајот на „Транспарентност Македонија“.

Директорот на Македонски пошти Рафиз Алити, пак, воопшто нема поднесено анкетен лист, што е спротивно на законската обврска.

fatmir-besimi

Во случајот со министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, во 2010-та година кога вршел функција министер за економија, се стекнал со куќа на површина од 410 метри квадратни, која чини 220 илјади евра, за што е наведено дека земал кредит од 80 илади евра, без да наведе од која банка.

taleski

Притоа, не дал податоци за изворот на поголемиот износ на средствата за изградба на куќа.

Транспарентност Македонија прашува и до каде е постапката за испитување на имотот на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за кого по иницијатива на опозицијата отворила предмет во април годинава

Од таму велат дека ДКСК покажала пристрасност и селективност при проверката на имотната состојба на функционерите, во зависност од тоа дали се работи за луѓе ов власта или опозицијата.

Транспарентност бараат ДКСК да покрене постапка за испитување на имотната состојба на функционерите кои не ја исполниле законската обврска уредно да го пријават својот имот или пак имаат дадено непотполни информации.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он

Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Анита Петровска Рајковиќ

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески