Словенечката компанија „Горење“ планира за пет години да го премести производството во Азија

Од:

Словенечката компанија за производство на бела техника „Горење“, планира во наредните пет години да отвори фабрика во Виетнам или во други азиски земји, каде работната сила е поевтина, пишува „Независне новине“, повикувајќи се на словенечки медиуми.

– Нашата стратегија за наредните години е ориентирање кон глобалниот пазар и премиум марките. Оценивме дека за побрзо зголемување на продажбите, ќе треба да основаме локално производство, така што за пет години планираме да отвориме фабрика надвор од Европа, можеби во Виетнам или некоја од блиските земји, велат претставници на „Горење“.

Претходно фабриката премести дел од своето производство во Србија, каде што трошоците за труд се околу 2,5 пати пониски, отколку во Словенија.

Просечната месечна плата на работник во Виетнам е околу 140 евра, додека во Словенија е над 990 евра.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он