„Шкода“ ќе гради фабрика во Бугарија или Турција

Од:

Чешката автомобилска индустрија „Шкода“ ќе изгради фабрика во Бугарија или Турција за производство на автомобили од нејзиниот бренд и на модели на „Фолксваген“, соопшти првиот човек на синдикатот на компанијата Јарослав Повшик.

– Двете земји имаат доста предности. Турција има посолидна инфраструктура, но Бугарија е политички постабилна и е членка на Европската Унија, изјави Повшик за Радио Прага.

Повшик нагласи дека синдикатот ќе бара одговор од раководството на „Шкода“ дали отворањето на новата фабрика во странство ќе влијание врз бројот на вработените во погоните на компанијата во Чешка и врз нејзините бизнис планови.

За отворањето на погонот на „Шкода“, која е дел од групацијата „Фолксваген“, интерес пројавија повеќе земји во Источна Европа, но како што објавија неколку германски весници минатата недела, во најтесниот круг за изборот останале Бугарија и Турција.

Конечната одлука за местото на кое ќе ја гради новата фабрика во вредност од 1,3 милијарди евра, „Шкода“ треба да ја донесе кон средината на јули.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица