Седница на Советот на НБРМ

Од:

Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе три одлуки поврзани со условите и начинот за снабдување, замена и проверка на автентичноста на книжните и кованите пари.

Со овие одлуки се менува концептот за снабдување со готовина, при што покрај банките, се предвидува и можност за вклучување на други правни субјекти, односно центри за готовина како дополнителна алка во синџирот на дистрибуција и операции со готовина.

– Ваквата измена на регулативата, всушност претставува децентрализирање на досегашниот модел на снабдување со готовина, со што се овозможува и вклучување на небанкарскиот сектор во процесот на снабдување со готовина и поттикнување и создавање конкурентни услови на пазарот за обезбедување готовински услуги, се наведува во соопштението од НБРМ.

Со новата Одлука за проверка на автентичноста, условите и начинот на враќање на книжните и кованите пари во оптек, центрите за готовина добиваат рамноправен третман со банките во сите сегменти од доменот на готовинските операции.

Со одлуката за начинот и условите за замена на книжните и кованите пари што станале несоодветни за оптек, се пропишуваат критериумите за препознавање и селектирање на книжните и на кованите пари и примена на утврдената постапка за замена на парите кои се идентификувани како несоодветни за оптек.

Советот ја донесе и Програмата за истражувачка активност во периодот 2016-2018 година. Истражувањата предвидени за тригодишниот период, велат од НБРМ, треба да дадат поддршка на процесот на одлучување, да придонесат за поуспешно функционирање на Народната банка и за соочување со идните предизвици, како и да придонесат кон натамошно осовременување на работењето на Народната банка и подготовката за идното учество во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).

На денешната седница е усвоена и Одлуката за издавање и Одлуката за пуштање во оптек на кованата пара за колекционерски цели „Владимир’’ од серијата „Ден на Ангел’’. Оваа кована пара е со апоен од 100 денари во количина од 5.000 парчиња.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Седница на Советот на НБРМ

Од:

Советот на Народната банка на Република Македонија ги усвои финансиските извештаи на Банката и Годишната сметка за 2012 година кои беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија, соопшти Кабинетот на гувернерот на НБРМ.

Во соопштението стои дека според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија, од сите материјални аспекти објективно ја претставуваат финансиската состојба на Народната банка на Република Македонија на 31 декември 2012 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што тогаш заврши, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Би можело да ве интересира

Крстевска: Разликата меѓу нашата инфлација и ЕУ инфлацијата е одраз на домашни структурни фактори

Комитет за финансиска стабилност: Граѓаните да бидат мирни, банките се стабилни

Жарко Настоски

НБРМ донесе повеќе одлуки за унапредување во управувањето со активата во банкарските биланси

Емир Латифовиќ

НБМ предупредува на зголемени ризиците за македонската економија

Емир Латифовиќ

НБМ: Македонските банки би издржале и најлоши сценарија

Ана Ололовска