„Се тресеме на граница како најголеми криминалци“: Државата казнува превозници за лиценца која ја нема во закон

Од:

На комбињата со кои се врши превоз на патници при секое напуштање на земјава или влегување во земјава на македонските гранични премини, службите им бараат лиценца за меѓународен превоз иако таа не постои во сегашниот Закон за превоз на патници.

Легалните превозници кои вршат превоз со патнички комбиња со 8+1 седишта, за „А1он“ велат дека секојдневно се соочуваат со казни од инспекторите во висина од 500 до 700 евра затоа што им се бара документ кој не може да се издаде од Министерството за транспорт и врски, односно затоа што законот предвидува да се врши меѓународен превоз на патници во возила со повеќе од девет седишта.

– Ние вршиме превоз во внатрешноста и ги поседуваме сите документи, се си е во ред за внатрешниот превоз. Но, кога излегуваме или влегуваме на граничните премини ни се бараат лиценци кои не се предвидени со закон. На терен ни пуштаат инспектори кои пишуваат казни од минимум 500 евра за вршење на јавен превоз без лиценца за лиценца што не постои. А никаде не е забрането да се врши меѓународен превоз. Овие комбиња се возат со возачка дозвола од Б-категорија која важи и за управување на автомобил. Вака излегува дека секој возач на кола треба да има лиценца за меѓународен превоз ако поминува граница – вели Мики Симоновиќ за „А1он“ од здружението на превозници.

Во Законот за превоз на патници стои дека слободниот превоз на патници може да се врши во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, доколку превозникот поседува лиценца за слободен превоз на патници и лиценца за меѓународен слободен превоз на патници.

„Слободниот превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај може да се врши со автобуси или со возила со 8+1 седиште, а слободниот превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај може да се врши со автобуси (возила со над 8+1 седиште)“.

Апсурдниот момент кој произлегува од законот превозниците го чувствуваат на граничните премини кога зависат од добрата волја на граничарите кои во најголем дел се коректни и имаат разбирање.

– Не сакаме да се тресеме на граница како најголеми криминалци и да не малтретираат за документ што државата не го обезбедила или предвидела. Имаме 15 казни за превозници изречени само во последните шест месеци. Минатиот петок на граничниот премин во Делчево беше сопрено комбе со патници кои одеа кон Банско. Дојде инспектор од Берово кој му ја одзеде сообраќајната дозвола на возилото на 30 дена. Патниците ја преминаа границата пеш и потоа ги презеде превоз од Бугарија – додаде Симоновиќ.

Тој рече дека нема да имаат проблеми доколку Министерството за транспорт и врски им овозможи да имаат лиценца за меѓународен превоз за да не стравуваат од инспекции и високи казни.

Би можело да ве интересира

Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон

Нормализирана состојбата на граничниот премин Делчево

А1он

Ковачевски: По 40 години, рехабилитиран регионалниот пат Битола-Меџитлија, се поврзуваме со соседите, отвораме економски перспективи, го олеснуваме нашиот пат до ЕУ

А1он

Финска ги затвори сите копнени гранични премини со Русија

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов

Нови камери за препознавање регистрации на 40 локации и гранични премини

А1он