Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Од:

Двајца странски државјани, едниот српски државјанин, а вториот од Албанија, се уапсени на граничните премини во Македонија. Српскиот државјанин возел со фалс германска дрзвола, а албанскиот државјанин управувал автомобил со италијанска регистрација кое било барано од Интерпол како украдено возило.

На 8.5.2024 во 11 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.Х.(26) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувана германска возачка дозвола.“

На 8.5.2024 во 18.10 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода И.Е.(35) од Република Албанија, затоа што при гранична проверка било констатирано дека патничкото возило „мини купер“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, е евидентирано во оперативната евиденција по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. “

Двајцата се предадени на полициски службеници од СВР Скопје и Куманово за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации