СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Од:

Со Мицкоски како премиер, трошоците за живот растат, реалната плата се намалува a животниот стандард на граѓаните опаѓа!

Три месеци по ред се намалува реалната нето-плата! Два месеци по ред се намалува номиналната нето-плата!

Во мај 2025 просечната плата била 45 796 денари, а во јули 45 276 денари!

Тоа значи 520 денари пониска плата, во услови на повисоки цени на основните трошоци.

Намалувањето на реална плата значи дека стандардот на граѓаните опаѓа а расте сиромаштијата.

youtube.com/watch?v=Ru0IXNxuh_0&feature=youtu.be

Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство веќе надмина 65.000 денари месечно.

Граѓаните со својата плата купуваат сѐ помалку, бидејќи цените растат, а примањата опаѓаат.

Едно просечно домаќинство не може да ги покрие основните трошоци за храна, сметки, превоз и лекови.

Ваквиот пад на стандардот е директна последица на неспособната на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и промашените економски политики.

Ова е влада која воопшто не се грижи за граѓаните и мисли само на својот луксуз.

Додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај владата на Мицкоски троши 180 илјади евра за бадеми и лешници, за папаја и манго, за луксузирање на функционерите врз грбот на народот.

СДСМ ќе продолжи да се бори за граѓаните, да предлага мерки и закони за раст на платите, за намалување на трошоците за живот и повисок животен стандард, рече на прес конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ