Русија инсистира Белорусија целосно да го плати гасот што го доби минатата година

Од:

Русија настојува Белорусија да го исплати целосно гасот, што беше доставен минатата година, но засега нема напредок во преговорите, изјави рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович, јави ТАСС.

– Долгот на Белорусија досега достигна 550 милиони долари, прецизираше Дворкович.

Од почетокот на 2016 година Белорусија преговара со Русија за намалување на цените за испорака на гас.

Минск сака да плаќа 73 долари за 1.000 кубни метри, наместо 132 долари.

Бидејќи Белорусија платила 300 милиони долари помалку од цената за испорачаниот гас, Русија го намалила снабдувањето бесцаринска нафта за земјата.

Кон крајот на минатата година Минск и плати на Русија аванс за гас и изрази надеж за обновување на испораката на нафта.

Тогаш, сепак, Дворкович истакна дека Русија ја вратила сумата од авансот, инсистирајќи договорот за гас да биде целосно исполнет.

Тој не го исклучи решавањето на спорот по судски пат.

Би можело да ве интересира

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on