Прилепски „Комуналец“ созадава современи услови за квалитетно снабдување со вода за пиење

Од:

Обнова на водоводната и на канализационата мрежа во Прилеп, ставање во функција на филтер станица, грижата околу нова препумпна станица за високите делови од градот и завршување на големиот проект- нови десет бунари, се дел од зафатите со кои прилепското ЈП Водовод ја заокружува 2012 година.

Директорот Сашо Николоски информира дека претпријатието има вложено околу 40 милиони денари за повеќето зафати.

– Во обновата на 11 километри водоводна мрежа вложи 20 милони денари. Со новите 40-ина километри изградени со грантот од КФВ банка, за пет години Прилеп ќе има целосно обновен градски водовод што загубите ќе ги сведе на европско ниво, под 30 проценти, вели Николоски.

Јавното претпријатие за обнова на филтер станицата која ќе ги пречистува водите од вештачкото езеро и нејзино ставање во функција, одвои два милиона денари. Значаен зафат, потенцира Николоски, вреден 12 милиони денари е препумпната станица која ќе обезбеди непречено водоснабдување на високите делови од градот кога има проблеми со водоснабдувањето. Според него, градот нема и не се очекува да има проблеми со водоснабдувањето овој период.

– Сите зафати се со цел Прилеп да има современи услови за константно и квалитетно снабдување со вода за пиење, рече Николоски.

Уште еден голем зафат е пред целосна реализација- пуштањето во функција на 10-те нови бунари кои носат преку 100 литри вода во секунда, изградени со 700 илјади евра, пари од Европската инвестициона банка, преку Министерството за транспорт и врски.

Во 2013 година фокусот ќе биде ставен на изградбата на пречистителната станица на отпадните води, проект вреден 20 милиони евра со пари од европските фондови. За станицата и за реконструкција на 23 километри канализациона мрежа тендерите се во тек.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он