По објавата на „А1он“: Превозниците кои плаќаа казни за лиценца која не постои повикани на средби во економија и транспорт и врски

Од:

По сторијата на „Аон“ за комбињата со кои се врши превоз на патници дека при секое напуштање на или влегување во земјава добиваат казни од 500 до 700 евра за лиценца која не постои во сегашниот Закон за превоз на патници, министерствата за економија и за транспорт и врски ги поканија превозниците на состанок за да најдат решение за овој проблем.

– Министерството за економија не викна на состанок. Оттаму ни рекоа дека не биле запознати со деталите на проблемот и бараа да им доставиме допис со попрецизни информации за да знаат каде да реагираат и да реши проблемот. Во меѓувреме не побараа и од Министерството за транспорт и врски и ни закажаа состанок за денес – рече за „А1он“ Мики Симоновиќ од здружението на превозници.

Од Министерството за транспорт и врски за „А1он“ потврдија знаат за овие пропусти и дека во моментов работни групи подготвуваат нов Закон за превоз на патници. Посочија дека превозниците можат да достават свои предлози.

Легалните превозници кои вршат превоз со патнички комбиња со 8+1 седишта, за „А1он“ открија дека секојдневно се соочуваат со казни затоа што им се бара документ кој не може да се издаде од Министерството за транспорт и врски, односно затоа што законот предвидува да се врши меѓународен превоз на патници во возила со повеќе од девет седишта.

– Ние вршиме превоз во внатрешноста и ги поседуваме сите документи, се си е во ред за внатрешниот превоз. Но, кога излегуваме или влегуваме на граничните премини ни се бараат лиценци кои не се предвидени со закон. На терен ни пуштаат инспектори кои пишуваат казни од минимум 500 евра за вршење на јавен превоз без лиценца за лиценца што не постои. А никаде не е забрането да се врши меѓународен превоз – рече Мики Симоновиќ за „А1он“ од здружението на превозници.

Во Законот за превоз на патници стои дека слободниот превоз на патници може да се врши во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, доколку превозникот поседува лиценца за слободен превоз на патници и лиценца за меѓународен слободен превоз на патници.

Би можело да ве интересира

Пазарна се закани со казни за сите што ќе работат утре: Исклучок се фирмите кои не можат да го запрат производството

Орце Костов

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Казнети 136 возачи во Скопје: Возеле брзо, немале возачка, зборувале на телефон

А1он