Моторџии возеле без кацига и без дозвола, за еден ден казнети 185 возачи на мотори

Од:

Во текот на вчерашниот ден (02.06.2024) во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Санкционирани се 185 возачи.

Од нив, 113 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Стојкоски: Ќе има кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он