Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Од:

МВР поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово, осомничени за трговија со дете преку организирање и реализирање незаконско посвојување на новороденче.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе поднела пријава против Ф.А. (63), Ѓ.К. (57), И.Ш. (35), Џ.Ш. (35), С.Ј. (35) и И.А. (38) поради основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.

Истрагата покажала дека во текот на 2024 и 2025 година, Ф.А. и Ѓ.К. организирале незаконско посвојување на новородено бебе. Ф.А., користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, воспоставувала контакти со заинтересирани брачни парови, додека Ѓ.К. посредувала со родители кои поради тешка материјална и социјална состојба не биле во можност да се грижат за своите деца.

Според полицијата, тие ги убедувале родителите да се откажат од новороденчињата во замена за паричен надомест и други бенефиции, со што се избегнувала законската постапка за посвојување.

Во конкретниот случај, С.Ј. и нејзиниот невенчан сопруг И.А. биле убедени да го предадат своето новородено бебе во замена за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи. По отпуштањето од болница, мајката и бебето биле пренесени во домот на Ф.А., каде што пристигнале И.Ш. и Џ.Ш., кои го презеле бебето и го однеле во својот дом.

Како дел од договореното, на 17 октомври 2025 година бил склучен договор за заем од 500 евра меѓу Џ.Ш. како заемодавач и И.А. како заемопримач. Според МВР, сумата била исплатена истиот ден и претставувала надомест за незаконското посвојување на детето.

По преземените мерки, на сите осомничени им е определена мерка домашен притвор од судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари