ОХИС ќе издаде четврта емисија обични акции наменети за државата

Од:

Комисијата за хартии од вредност даде одобрение на ОХИС да издаде четврта емисија на 99.747 обични акции во износ од 5.099.964,36 евра за зголемување на основната главнина наменети за Република Македонија.

Владата на РМ ги презема акциите од новата емисија со претворање на своето побарување во влог во друштвото, односно со внесување непарични влогови.

Целта поради која „Охис“ АД Скопје издава акции е спроведување на Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата „Охис“ АД Скопје, „Тутунски комбинат“ АД Прилеп и „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп, со што ќе се намали долгот кој „Охис“ АД Скопје го има спрема државата по основ на јавни давачки.

На седницата што се одржа денеска, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на „Коппер Инвестментс“ АД Скопје му одобри да  издаде 2.500 приоритетни партиципативни акции во вкупен износ од 1.000.000 евра. Втората емисија е наменета за познат купувач и тоа за „Surrey Dynamics Limited“ од Обединетото Кралство. Втората емисија на акции се врши по пат на приватна понуда со парични влогови, заради создавање услови за непречено функционирање на „Коппер Инвестментс“ АД Скопје.

Како резултат на присоединувањето на „Поштенска банка“ АД Скопје кон „Еуростандард  Банка“ АД Скопје, КХВ даде согласност „Еуростандард Банка“ АД Скопје како единствен правен наследник да стекне квалификувано учество во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, односно со акции чии вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од ЦДХВ АД Скопје.  „Еуростандард“ АД Скопје доби согласност од Комисијата да се стекне и  со 100 проценти од акциите на  „Поштел брокер“ АД Скопје.

На барање на брокерската куќа  „Еуро Брокер“  АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата за работа е поради донесена одлука на вонредното Собрание на акционери на  „Еуро брокер“ АД Скопје со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност. Со трајното одземање на  дозволата за работа на „Еуро брокер“ АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата ќе поведе постапка пред надлежниот суд.  КХВ согласно Законот за хартии од вредност ќе ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од Комисијата трајно да ја исклучат од членство.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

A1on

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

A1on