Од Србија тргна извозот на 4.000 тона брашно за Северна Македонија и Црна Гора

Од:

Извозот на брашно од српските мелници тргна за Северна Македонија и Црна Гора, а се очекува одредени количини да бидат испорачани и во БиХ и Албанија, изјави директорот на Здружението „Житоунија“, Здравско Шајатовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, наведените држави се најголеми купувачи на брашно од Србија, а испораките запреа кога привремено беше воведена забраната за извоз на основните прехранбени производи заради пандемијата со коронавирусот.

-Првите испораки тргнаа од пред четири дена и се одвиваат добро, со мали застои, како што се проблеми со камионите и возачите, кои се решеваат во движење. Очекуваме до сабота повеќе од 4.000 тони брашно да бидат извезени, што е одличен биланс, бидејќи некои од нашите мелници имаа преголеми залихи, а некои, поради оваа причина беа пред затварање, изјави Шајатовиќ за „Политика“.

Тој оцени дека Србија има доста залихи и нема проблем да ги задоволи потребите на домашниот пазар, како и дека ослободувањето на извозот е добар потег што ќе ја подобри ликвидноста на овој сектор кој претрпе голема загуба, најмногу поради воведување такси и прекин на испораката на брашно на Косово.

Со привремената Одлука за забрана за извоз на основните прехранбени производи поради коронавирусот и воведената вонредна состојба, српската Влада излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред сé на барањата на Северна Македонија, БиХ и Црна Гора за извоз на брашно во тие земји, донесувајќи посебна одлука со која е дозволен извозот на брашно од пченица во овие држави.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов