Од денеска во сила Правилникот за материјали и производи во контакт со храна

Од:

Од денеска стапува во сила Правилникот за материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната.

Правилникот се однесува на општите барања за материјалите кои компаниите ги користат при манипулирањето со храната, гума, пластика, дрво, стакло, синтетички смоли, премази, восоци, силикон….

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), барања за одобрување и авторизација на вакви материјали и производи доставиле преку 100 компании, производители и увозници.

При манипулацијата со храна се дозволени пластика, стакло, дрво, но има одредени барања што  производителите или увозниците треба да ги исполнат за да добијат позитивно мислење од АХВ.

– Од поднесените барања на операторите со храна досега се решени 31, а за неколку  од нив Агенцијата е во постапка на завршување зашто  недостига одредена документација. Ако биде одбиено барањето заради неисполнување на условите, на компаниите нема да им биде дозволено користење на материјалите. Доколку, пак, бидат затекнати дека го користат производот без оодбрување, ќе следат парични санкции, велат од АХВ.

Разгледаните барања не предизвикале дополнителни финансиски оптоварувања  за фирмите, но тоа е можно за оние што нема да добијат одобрувања бидејќи ќе мора  да ја сменат амбалажата.

Од Агенцијата најавуваат дека до крајот на годинава ќе биде изготвен и правилникот  за нови технологии и материјали т.н паметни материјали со што ќе се заокружи целата рамка  во делот на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов