Законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз целата економија, а државната каса би останала без 280 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот. Со гасењето на легалната индустрија се создава опасност игрите на среќа да се префрлат на црниот пазар.
Во ниту една земја членка на Европската унија не постојат законски решенија какви што моментално се предлагаат во Македонија – ограничување на работата на компаниите од индустријата на игри на среќа со воведување на уредба за задолжително растојание на локалите од образовните институции (дури 500 метри). Се работи само за популистички обиди на одредени интересни групи под изговорот за заштита на населението од претерана изложеност на игрите на среќа да се воведат рестриктивни одредби. Ваквите предлози се косат со секоја европска пракса, на приредувачите им се одзема правото на работа и остварување на приход од регистрирани дејности на места во кои со години има вложувано огромна сума на пари и стекналe доверба од клиентите, а би имале катастрофални последици врз веќе кревката економија и криза заради пандемијата на коронавирусот.
Почетокот на процесот на изработка на законот за измена и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри наиде на остри осуди кај јавноста и кај самите приредувачи, бидејќи усвојување на истиот може да има несогледливи последици не само по индустријата која би била згасната, туку и по целата економија.
Добро регулираниот пазар на игри на среќа носи прилив од 280 милиони евра во државната каса, овозможува 10.000 работни места, односно 70.000 индиректно вработени, а било какви лоши законски решенија значат само едно – гасење на индустријата која придонесува кон економската стабилност на државата дури и во време на најголема криза, а цветање на црниот пазар, сивата економија, одлив на стотина милиони евра од земјата на странски сајтови за обложување, неможност за заштита на играчите и чувствителните групи како што се малолетниците на кои илегалното обложување ќе им биде на дофат на раце.
Воведувањето на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, поради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.
ИСТРАЖУВАЊА ПРЕТВОРЕНИ ВО ЗАКОНОДАВНА ПРАКСА
Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот Метрополитен во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и конзумирањето на игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенцијата се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.
Во постоечкиот Закон за игри на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот дека „лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувалници и во автомат клубови“.
ПР