Митева: Ограбена држава – СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа

Од:

Лотарија без лиценца издава лиценци на две фирми блиски до СДС и ДУИ, едната од Скопје една од Струмица и со години овие две фирми должат на државата пари од своето незаконско работење. За чиј џеб работеле и кој ги прикривал се прашања на кои СДС и ДУИ треба да и одговорат на јавноста вели пратеничката и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Двете друштва не платиле ниту една од давачките по основ на повеќе закони во период од неколку години со што ja оштетиле државата.
Воедно, едно од друштвата е формирано во 2022 година и од тогаш не платило ништо, иако има обврски кои произлегуваат од Законот за игри на среќа и од законите за одредени даноци. Во 2021 година МВР ја информираше јавноста дека е спроведена акциска контрола и од слобода лишиле 13 лица кои без лиценца приредувале игри на среќа во Тетово. Како МВР тогаш успеало да ги пронајде сторителите, а за овие две фирми да нема постапка? Дали овие лица кои биле санкционирани не ја делеле заработувачката со врвот на СДС и ДУИ па затоа биле санкционирани, додека овие другите две фирми умешно соработувале со институциите и биле под нивна закрила, рече Митева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Имаме рекорден прилив од странски директни инвестиции

Горан Наумовски

Митева: Постигнат е договор со банките за унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија

Митева: Владата останува на ставот дека предвремени избори ќе нема

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски