АПИС предупредува за измама на социјалните мрежи: Членките на нашата групација не приредуваат онлајн игри

Од:

Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваме јавноста за следното:

Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама која има за цел да навлекува посетители кои свесно и со умисла се ставаат во заблуда дека наводно нашите компании-членки приредуваат онлајн игри на среќа. Овие измамнички вести упорно се пласираат на македонски и англиски јазик.

Сакаме јасно да ставиме до знаење дека казината „Фламинго“ (Гевгелија и Скопје), „Гранд Казино Адмирал“, „Луксор“, како и автомат клубовите „Астра“, „Адмирал“, „Апекс“, „Моцарт“ и „Спортлајф“ НЕ приредуваат онлајн игри на среќа согласно македонското законодавство за приредување игри на среќа! Лажните вести, кои измамнички го рекламираат спротивното се обид за злоупотреба на корпоративен углед на нашите членки. Оттука, добронамерно им препорачуваме на нашите посетители да се информираат од официјалните комуникациски канали на нашите членки.

Во меѓувреме ги преземаме сите неопходни законски дејствија за заштита на нашите брендови. Очекуваме надлежните државни институции да ги преземат неопходните чекори за спречување вакви негативни појави.

Би можело да ве интересира

АПИС: Изгласан Закон за игри на среќа на црно!

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

АПИС: Јавната расправа е можност да ја аргументираме штетноста на предлог законот за игри на среќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина

Горан Наумовски

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог Законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски