АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог Законот за игри на среќа

Од:

Денеска, асоцијациите на приредувачите на игри на среќа во автомат клубови, казина и спортски обложувалници, АПИС и АСОМ доставивме официјално барање до Собранието за организирање јавна расправа во врска со Предлог законот за игри на среќа и забавни игри.

Барањето е согласно член 129 став 2 од Собранискиот Деловник, Комисијата за финансирање и буџет како матично работно тело да ја организира јавната расправа. Примената на ваквата демократска алатка ќе овозможи претставници на асоцијациите и вработените во легалните објекти да ја споделат сопствената експертиза и професионално искуство со пратениците. Сметаме дека е неопходно во законодавниот дом да ги соочиме аргументите и најважно од се’ јавноста да добие точна претстава за тоа какви штетни последици ќе предизвика усвојувањето на овој Предлог закон.

Долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања во која се нафрлаат разни клевети. Легалните објекти не се закана за младината. Закана за младината е популизмот кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконски играчници кои ќе се одвиваат по подруми, а државата ќе нема никаква контрола.

Уверени сме дека е неодговорно по секоја цена да се донесе закон кој на среден рок ќе направи страшни последици кои многу тешко ќе можат да се поправат. Истовремено, сметаме дека е вообичаена демократска пракса, особено што сите видови приредувачи на игри на среќа вкупно гледано сме најголем приватен работодавец во државата, голем дел од нашите членки имаат капитал од ЕУ, сме општествено одговорни компании кои донираат во јавното здравство, спортот, културата, покровители сме на многу хуманитарни акции, да бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење да биде уважено со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките европски и светски стандарди за организирање игри на среќа.

Би можело да ве интересира

АПИС: Изгласан Закон за игри на среќа на црно!

АСОМ: Со овој закон не се штитат граѓаните, туку се уништува легалната дејност и се отвора пат за црниот пазар

Во Собранието заврши амандманската расправа за предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри

Сакам да работам очекува пратениците да го стопираат предлог законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Јавната расправа покажа, Законот за игри на среќа мора да се повлече и да се изработи одново

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи