Сакам да работам очекува пратениците да го стопираат предлог законот за игри на среќа

Од:

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ очекува дека на утрешната седница на Собраниска комисија за финансирање и буџет, мнозинството пратеници од најголемите македонски политички партии ќе донесат одлука за стопирање на понатамошната процедура за усвојување на Предлог законот за игри на среќа и забавни игри. Главен мотив е заштита на работните места на десет илјади луѓе, од кои најголемиот дел сме етнички македонци, кои веќе осум години живееме во грч, неизвесност, заедно со нашите семејства се тресеме дали ќе останеме на улица, со нецелосно исплатени кредити, со активирани хипотеки и со авионски карти за еден правец, иселување во странство. Истовремено, мотив за пратениците треба да биде и избегнувањето на албанското сценарио да се преслика во Македонија. Спречување легалните објекти за игри на среќа да се заменат со играчници на црно по подруми, каде државата ќе нема контрола, а младите ќе станат лесна мета.

Сметаме дека на Јавната расправа дадовме доволно издржани аргументи дека актуелниот Предлог закон за игри на среќа и забавни игри содржи толку нелогични одредби кои не можат да се поправат со амандмани. Уште еднаш ги повикуваме претставниците на министерството за финансии и пратениците да не брзаат. Брзината не смее да биде поважна од суштината. Треба да се формира работна група составена од претставници на надлежните институции, вработените, асоцијациите, стопанските комори и уставни експерти кои во кус рок ќе изработат нова предлог регулатива која ќе биде реално спроведлива. Ние вработените сме прва линија за спроведување на постоечка регулатива, која е една од најстрогите во регионот и пошироко, и затоа поседуваме искуство, знаење и личен кредибилитет да предупредиме, но и да дадеме издржани предлози.

Доколку министерството за финансии и пратениците останат глуви на нашите апели, како здружение сме подготвени со сите демократски средства да го заштитиме нашето уставно загарантирано право на работа.

Би можело да ве интересира

Од 14 јули и giveaway игрите под законски правила – ќе треба дозвола и надоместок од 18% од вредноста на наградите

Од „Сакам да работам“ ја повикуваат претседателката Сиљановска-Давкова да не го потпише указот за Законот за игри на среќа

А1он

Во Собранието заврши амандманската расправа за предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри

АСОМ: Јавната расправа покажа, Законот за игри на среќа мора да се повлече и да се изработи одново

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини

„Сакам да работам“ до власта: Зошто игнорирате над 10.000 вработени во игрите на среќа?

Горан Наумовски