Од „Сакам да работам“ ја повикуваат претседателката Сиљановска-Давкова да не го потпише указот за Законот за игри на среќа

Од:

Од „Сакам да работам“ се разочарани што пратениците не ги прифатија нивните апели и оти и покрај тоа го изгласаа Законот за игри на среќа и забавни игри.

Затоа бараат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за негово стапување во сила.

– Постепеното затворање на легалните објекти за игри на среќа ќе предизвика хаос. Ќе никнуваат играчници на диво по подруми, на државата ќе и се лизга од раце досегашната контрола, младите ќе станат лесна мета на профитери од црниот пазар. Дежурните критичари на игрите на среќа, кои со години водат негативна кампања за овој економски сектор, никогаш нема да преземат одговорност за последиците кои неминовно следат – велат од „Сакам да работам“.

Најавуваат дека за секое изгубено работно место ќе ги користат сите демократски и правни механизми за борба.

Би можело да ве интересира

Сакам да работам очекува пратениците да го стопираат предлог законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини

„Сакам да работам“ до власта: Зошто игнорирате над 10.000 вработени во игрите на среќа?

Горан Наумовски

„Сакам да работам“ одржа предупредувачки, но најави масовни протести ако се усвои новиот Закон за игри на среќа

„Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината!

„Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко

Катерина Ѓуровски