„Сакам да работам“ до власта: Зошто игнорирате над 10.000 вработени во игрите на среќа?

Од:

Слушнавме дека Предлог законот за заштита од пушење поминал серија консултации на извршната власт со еснафските здруженија и претставниците од тутунската индустрија за да постигнат компромис. За разлика од овој пристап, за Предлог законот за игри на среќа, извршната власт постапува обратно и ги игнорира засегнатите страни, иако станува збор за економски сектор кој вкупно гледано е најголем приватен работодавец во Македонија. За жал, никој од надлежните не смета дека ние вработените кои секојдневно ја спроведуваме регулативата за игри на среќа треба да дадеме идеи и предлози за подобар закон, велат од Здружението вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ по повод предложените измени на Законот за игри на среќа

– Осум години сме заложници на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини тогаш кога мислат дека може да печалат гласови преку жртвување на нашите работни места. Осум години живееме во грч, неизвесност, заедно со нашите семејства се тресеме дали ќе останеме на улица, со нецелосно исплатени кредити, со активирани хипотеки и со авионски карти за еден правец – иселување во странство.

Ние не сме гости во сопствената држава. Албанските дипломирани правници бараат да полагаат правосуден испит на мајчиниот јазик, на највисоко ниво веднаш им се ветува решение. Ние испраќаме писма, протестираме, нема никаков ефект. Власта треба да одговори, зошто игнорира над 10 илјади вработени во игрите на среќа? Дали причина за тоа е што 90 проценти од вработените сме Македонци кои можеби треба станеме жртви на политичко-етнички инженеринг? До кога легалните игри на среќа и вработените ќе страдаат заради негативната кампања на дежурните критичари, кои никогаш нема да преземат одговорност кога ќе се отворат играчници на црно по подруми каде младината ќе биде лесна цел?

Како здружение сме подготвени со сите демократски средства да го заштитиме нашето уставно загарантирано право на работа. Надлежните кои предлагаат затворање на легалните објекти за игри на среќа ни должат одговор каде ние да се вработиме, со поминати професионални обуки и работно искуство за приредување игри на среќа по највисоки светски и европски стандарди, нагласуваат од „Сакам да работам“.

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ одржа предупредувачки, но најави масовни протести ако се усвои новиот Закон за игри на среќа

„Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината!

„Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко

Катерина Ѓуровски

„Сакам да работам“ до „Левица“: Која левичарска партија се залага најмалку 10 илјади вработени да останат на улица?

А1он

„Сакам да работам“: Вработените во легалните игри на среќа стануваат потенцијални жртви пред секоjа најава за избори

Горан Наумовски

“Сакам да работам“ со честитка за 1 мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа