„Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината!

Од:

Пратениците во македонското Собрание вчера и официјално го добија владиниот Предлог закон за игри на среќа, со кој се предвидува затворање на легалните објекти. Земајќи предвид дека нашите работни места и официјално се загрозени ние сме принудени да ги користиме сите демократски средства за борба за нашето уставно загарантирано право на работен однос. Во таа насока во петок ќе го одржиме првиот предупредувачки протест на вработените.

Одговорно тврдиме дека како здружение не сме консултирани за предлогот на Владата, ниту сме биле запознаени со неговата содржина. Нема никаква дилема дека овој Предлог закон за игри на среќа ни ја запечатува судбината. Подготвени сме на официјални средби со пратеничките групи да им ги презентираме сите факти, аргументирано да ги увериме дека со нивното евентуално гласање „ЗА“ ќе остават најмалку 10 илјади луѓе без работа и ќе создадат 35 илјади нови кандидати за иселување од Македонија.

Нашето здружение одамна и предочува на јавноста дека со воведување дистанца ќе се предизвика целосно затворање на легалните објекти, што по автоматизам ќе создаде епидемија на диви играчници по подруми, над кои државата ќе нема никаква контрола, а младината ќе биде под далеку поголем ризик. Доволно е да се погледнат примерите од соседството. Вчера излезе веста дека во Тирана тамошната полиција разбила голема мрежа на нелегално коцкање во местото Вора кое се одвивале во угостителски објект во кој при акцијата биле запленети поголем износ на пари. Сето ова е последица на четиригодишната забрана на легалните игри на среќа во Албанија. Иако, албанскиот премиер се повлече од забраната, се уште не може да се справи со нелегалните играчници кои согласно неговото признание никнувале како печурки и сериозно му наштетиле на нивниот државен буџет.

Во Македонија се применува Закон за игри на среќа, кои е еден од најстрогите во регионот и пошироко и содржи европски и светски стандарди за регулирање на оваа економска гранка, а особено за забрана на влез на малолетници во сите легални објекти со лиценци за приредување игри на среќа. Пратениците не треба да влезат во замката на дежурните критичари на игрите на среќа кои многу долг период водат офанзивна битка против овој економски сектор. Легалните игри на среќа веќе со години се предмет на невидена негативна кампања во која се користат сите дозволени и недозволени средства за оцрнување.

Излегуваме на серија предупредувачки протести во одбрана на вистината. Бараме институционално соочување со дежурните критичари на игрите на среќа. Крајно време е да ги соочиме фактите и аргументите пред целокупната јавност и да видиме кој е подготвен да преземе одговорност за штетните последици кои брзо ќе се случат ако ваквото законско решение стапи на сила. Ние знаеме дека сме во право и стоиме зад сите наши тврдења. Доколку нашиот глас и понатаму се игнорира подготвени сме да организираме масовни протести.

Би можело да ве интересира

Од „Сакам да работам“ ја повикуваат претседателката Сиљановска-Давкова да не го потпише указот за Законот за игри на среќа

А1он

Во Собранието заврши амандманската расправа за предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри

Сакам да работам очекува пратениците да го стопираат предлог законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Јавната расправа покажа, Законот за игри на среќа мора да се повлече и да се изработи одново

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини

„Сакам да работам“ до власта: Зошто игнорирате над 10.000 вработени во игрите на среќа?

Горан Наумовски