Николовски: До крајот на месецот целосна реализација на субвенциите

Од:

Околу 50 милиони евра субвенции се исплатени последниве два месеца во земјоделството. За реализација остануваат неполни 15 милиони, за кои решенијата се веќе подготвени. До крајот на месецот се очекува поддршката да биде префрлена во целост, информира денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

Тој оцени дека и сега, како и претходните години, повеќе се исплаќаат заостанати обврски, наместо поддршка за тековната година.

Во однос на преостанатите 15 милиони евра, министерот рече дека се работи за субвенции за земјоделци кај кои контролите покажале несовпаѓање на пријавеното со состојбата на терен.

– Оние производители кои поради некоја причина нема да добијат субвенции, да се обратат до Платежната агенција за да се детектира проблемот и да се надмине, апелира Николовски и најави дека Министерството ќе воспостави систем на навремена исплата.

Информира и дека до крајот на годината, до 31 декември, ќе бидат исплатени и дополнителните шест милиони евра поддршка, за млад земјоделец и за подигање нови повеќегодишни насади.

– Со Програмата за 2017 година ќе се исплатат и нови два милиона евра субвенции за пченица, јачмен, лозарство, овоштарство и фуражни култури. Воведуваме сериозна практика за грижа на земјоделсите, отворивме интензивен дијалог, сакаме да ги слушнеме нивните предлози, сугестии и размислувања зашто само така, со постојани, конзистентни, искрени разговори, ќе дојдеме до квалитетни решенија, подвлече Николовски.

Одговорајќи на новинарско прашање дали го искористил годишниот одмор, министерот рече дека бил три дена во Валенсија, Шпанија, кај пријатели, но и во тој период цело време бил работно ангажиран поради што Министерството не било обезглавено.

– Три дена не може да се каже дека се одмор. Сепак, бев во постојана координација со заменик-министерот и државниот секретар. Во тој период ги спроведовме огласите за млад земјоделец, распишавме огласи за земјоделско земјиште, го решивме проблемот со Правилникот што го воведе Хрватска. И пред и за време на мојот одмор од три дена, презедовме многу активности особено во делот на заштита на шумите. Институцијата не може да зависи само од еден човек, ни треба да направиме институции кои ќе работата во интерес и заштита на граѓаните. Тоа е нашата определба и интенција, потенцира министерот за земјоделство Николовски.

Би можело да ве интересира

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Николовски: 2024 е година на зголемена поддршка во сточарството, креиравме нови мерки според потребите на сточарите

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан