Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Од:

Се огласи екс-министерот за здравство и носител на кандидатска листа во Изборна единица 4, Венко Филипче откако беше прозван од неговиот противкандидат во истата ИЕ, Александар Николоски кој праша од каде пари на Филипче за ауди од 250 илјади евра и за хациендата на Водно.

Филипче вели дека Николовски со навреди се обидува да добие политички поени.

„Политичката култура на Александар Николоски спадна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач“.

Според него, озборувањата упатуваат на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања и најави тужба против Николовски.

„Исто така, загрижувачки е што Николоски изјави дека работел од свои 14 години сакајќи да го оправда фактот што нема ниту ден стаж во реален сектор. На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати. Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече, му порача кандидатот на СДСМ на противникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија вчера на средба со граѓани, упати критики кон Филипче и претседателот Стево Пендаровски. Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?

„Следна работа со докторска или со министерска плата не се купува ауди Q8 RS не знам да го кажам точно како се вика од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче, и од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во Новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“ нагласи Николоски и додаде:

-Не знам дали Венко Филипче знае но сум сигурен ако ништо друго слушнал Стево Пендаровски важи за најголемиот озборувач кај политичарите, или јас како што го нарекувам алапача број еден во Македонија. Во тие свои озборувања обожава да озборува за најблиските околу него а Венко Филипче е еден од најозборуваните. Па да го прашам Венко Филипче дали слушнал или не дека кога Стево ќе се опушти озборува во круг на блиски новинари и вели дека Венко Филипче бил уживател на психотропни супстанци дали го слушнал или не го слушнал тоа и како е можно да еден за друг зборуваат такви работи зад грб а излезат пред народот и бараат гласови. Толку за Стево Пендаровски за неговиот морал и за неговиот образ, следното е ваше да излезете масовно на 24 април и на 8 мај и да му помогнеме да се исели од државата, истакна Николоски од Новаци.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За да ги прикрие неуспесите на неговата партија, Филипче користи анти-ДУИ наратив

Филипче: Темелна вредност на социјалдемократијата е грижата за сите

Филипче: Партизација наместо деполитизација, Мицкоски се враќа на режимските практики

Горан Наумовски

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“

Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите