(ВИДЕО) Николоски: Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори

Од:

Јас уште минатата недела ја стартував кампањата во четвртата изборна единица каде ќе бидам носител за парламентарните избори. Атмосферата е навистина одлична, луѓето доаѓаат, не поддржуваат, се приклучуваат кон ВМРО-ДПМНЕ, и очекувам во ИЕ 4 да имаме најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, да освоиме најмногу гласови во апсолутна бројка и најмногу пратеници. Во Радовиш има одлична атмосфера, вечерва имаме средба со сите наши активист, со тие кои се срцето на партијата. Да позборуваме со нив, да се организираме и да имаме успешна кампања, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Очекувам двојна победа, победа на претседателските избори и победа на парламентарните избори. После 8 мај претседател да биде Гордана Силјановска Давкова, а Христијан Мицкоски да биде премиер на Македонија. Имаме бројни работи коишто ќе ги направиме за овој регион. Конкретно за општина Радовиш планираме инвестициски циклус од некаде 10 -12 милиони евра во следните 4 години, исклучиво во инфраструктурни проекти, водоводи, канализациони системи, понатаму асфалтирање на улици, решавање на партерно уредување, плоштади, здравствени домови, градинки, училишта да еднаш засекогаш се затвори таа тема на инфраструктура и после еден четири годишен циклус следните четири години да можеме да зборуваме за покрупни проекти кои што можат да се реализираат. Исто така во делот на економијата планираме намалување на даноци што ќе ја поттикне економијата, кај пензионерите линеарно зголемување на пензиите за 5 000 денари и бројни други работи кои што ќе ги презентираме така што еве тоа е причината што вечерва сум во Радовиш – рече Николовски.

Би можело да ве интересира

Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николоски: Прилеп секоја година од владата ќе добива околу осум милиони евра со кои ќе се решат многу инфраструктурните проекти во општината

(ВИДЕО) Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти, поддршка за клубовите и федерациите

Горан Наумовски

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Николоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за „ауди“ од 250.000 евра, за хациендата на Водно?