Министерот Бектеши се сретна со бизнис делегација од американската трговска комора во Албанија

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со бизнис делегација од американската трговска и индустриска комора во Албанија, предводена од нејзиниот претседател Марк Крафорд.

Бизнис делегацијата, која во текот на дводневната посета на Република Македонија оствари средби со претставници на повеќе институции, при разговорот со министерот Бектеши покажа интерес за можностите кои ги нуди нашата држава за странски инвеститори, како и за воспоставување на нови и интензивирање на постојните бизнис релации меѓу компаниите од двете држави.

Министерот Бектеши ги информираше за поволностите кои ги нуди владата за странските инвеститори во и надвор од технолошко-индустриските зони. Според министерот Бектеши доказ дека условите се одлични, е и присуството на голем број компании од САД и Албанија во Република Македонија, додавајќи дека е неопходно да работиме заеднички на зајакнување на соработката како помеѓу компаниите, така и помеѓу институциите од двете држави. Тој ги информираше бизнисмените дека Република Македонија има доставено официјално барање за заедничка царинска управа на двете држави на еден од граничните премини, како и потребата за меѓусебно признавање на фитосанитарните сертификати од двете земји, со цел олеснување на трговијата.

Бизнисмените од американската трговска и индустриска комора во Албанија, изразија интерес за инвестирање во повеќе области, како што се туризмот, енергетиката и минералните суровини, а од страна на министерот Бектеши им беа ветени отворени врати за административно-техничка поддршка согласно постојната регулатива и процедурите за отварање на бизнис.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски