Место во Русија, сирењето на трпезите на сиромашните луѓе во Данска

Од:

Шведско-данската млечна компанија „Арла“ ќе ги израдува сиромашните луѓе во Данска на кои ќе им подари 15 тони сирење.

Сирењето оди во раце на сирмашните, бидејќи заради руско-европските санкции не можеше да се извезе во Русија.

„Арла“ успеа кон другите пазари да го насочи поголемиот дел од своето производство, но мал дел, од различни причини, не можеше да го препакува и продаде, се наведува во соопштение на компанијата.

Тие 15 тони сирење ќе заминат во Банката за храна, организација која собира прехранбени производи и потоа ги распределува на луѓе на кои навистина им е потребна, јави Хина.

„Арла“ додаде дека некои од нејзините сирења соддржат зачини и ароми специјално прилагодени за руските потрошувачи, па затоа некои вкусови од овие сирења Данците не ги сакаат.

„За нас тоа е голема донација во која ќе може да уживаат илјадници луѓе“, изјави претседателката на Банката за храна, Карен-Ингер Тхорсен, се наведува во соопштението.

Возвраќајќи на санкциите што и беа воведени заради политиката кон Украина, Русија од август го забрани увозот на месо, овошје и зеленчук, морски и млечни производи од Австралија, Канада, САД, Норвешка и од Европската унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло