Македонија и догодина ќе добие парична поддршка од ЕУ за „јазлеста кожа“

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година Европската унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Република Македонија во преземање на активностите за справување со болеста „јазлеста кожа“.

Како што соопшти АХВ, потврдата за поддршка од Унијата е добиена на 5. работен состанок на Постојаната експертска група за „јазлеста кожа“ за Југоисточна Европа, што минатата недела се оддржа во Будва, Република Црна Гора.

На состанокот чиј домаќин идната година ќе биде АХВ, присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и од Организацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации (ФАО), претставници од сите земји од регионот, од земји-членки на ЕУ кои граничат со регионот, како и претставници од Турција, Украина и Русија.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и стручни лица од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните од АХВ, на состанокот ги презентираа актуелната состојба со „јазлеста кожа“ во Македонија и мерките кои се преземаат за да се спречи нејзиното ширење.

Имајќи предвид дека „јазлеста кожа“ е актуелен регионален проблем, учесниците на состанокот се согласија дека координираната масовна вакцинација на говедата се уште е најефикасна за контрола на болеста и дека во Југоисточна Европа успешно се реализира и оваа година.

Во оние држави каде вакцинацијата е успешно спроведена, спречено е ширење на болеста, но и покрај високата покриеност со вакцинација во Југоисточна Европа, вирусот на „јазлеста кожа“, за жал, се уште е присутен во регионот и може да предизвика спорадични епидемии кај добитокот и ширење на болеста во области каде има недоволна покриеност со вакцинација.

Од состанокот произлегоа препораки, земјите кои се уште не завршиле со вакцинација тоа да го сторат во најкус рок, односно најдоцна пред почетокот на април кога почнува активноста на векторите, што се смета за почеток на новата сезона со висок ризик за појава на оваа болест. За да се спречи евентуалното повторување или ширење на болеста, клучна останува имплементацијата на регионалната стратегија за вакцинација за 2018 година и почитувањето на препораките да се набават доволни количини вакцини во случај на вонредна состојба. За земјите кои воспоставиле зони со или без вакцинација, се препорачува обезбедување правилна контрола на движењето на животните во зоните.

Размената на информации меѓу земјите во регионот за подготвеноста, контролата на појавата на болеста, исто така е од суштинско значење во насока на подобра координација на мерките за распределување на расположливите ресурси за справување со болеста.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ